Дополнување на упатствата од ФЗО за мерки и активности поврзани со Ковид19
Дополнувањето на Соопштението е во следниот дел:
➡️ Отвoрање/продолжување на боледувањето на осигуреници заболени од Коронавирусот (COVID-19) избраниот лекар и лекарските комисии на Фондот вршат само со приложен позитивен PSR тест, без присуство на осигуреникот. Нема потреба осигуреникот да доставува специјалистички извештај.
➡️ Фондот овозможи избраниот лекар од дејноста општа медицина, заради следење на здравствената состојба на осигурени лица заболени од COVID 19 кои се на домашно лекување, да може да издаде упат ЛУ1-COVID-19 заради утврдување на вредностите на биохемиските лабораториски здравствени услуги: Д-Димер и CRP
➡️ Во кои услови се издава боледување на осигуреници кои се заболени од COVID – 19
➡️ За да остварат право на рефундација осигурените лица со потврдена инфекција со COVID-19 (Коронавирус) кои се на домашно лекување, избраниот лекар треба да издаде посебен образец- Потврда за апликација на ампуларна терапија со лековите enoxaparin (Clexane) или nadroparin (Fraxiparine).
➡️ Користење на платени и неплатени отсуства од работа на здравствени работници
➡️ Важење на специјалистички извештај, отпусно писмо, конзилијарно мислење продолжување на хроничната терапија и издавање на ортопедски помагала ќе се врши на следниот начин:
➡️ За месец 12/2020 година со важност ќе бидат специјалистичките извештаи/отпусни писма/конзилијарни мислења со датум не постар од 01.06.2019 година.
➡️ Од 01.01.2021 година со важност ќе бидат специјалистичките извештаи/отпусни писма/конзилијарни мислења со датум не постар од 01.09.2019 година.
➡️ За продолжување на боледување:
Од 01.01.2021 година за продолжување на боледување во важност ќе бидат специјалистичките извештаи/отпусни писма/конзилијарни мислења со датум не постар од 01.06.2020 година.
преземете го соопштението тука